На брачните двојки во Кина од денеска им е дозволено да имаат две деца. Новиот закон беше усвоен по загриженоста поради стареење на населението и опаѓање на бројот на работно способни жители.
Законот што денеска стапува на сила дозволува раѓање на две деца во едно семејство, но не дозволува раѓање на поголем број деца.
Полчитиката на едно дете е воведена кон крајот на 70-тите години од минатиот век со што брачните двојки се ограничуваа на едно дете низ систем на парична казна за прекршителите, па дури и присилни абортуси, со што е спречено раѓање на 400 милиони деца
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.