| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице загина во сообраќајка кај Штип

На крстосницата Дујле во Штип, рано утрово, 22 минути по полноќ во сообраќајна несреќа во судар на два автомобила загина штипјанецот Марјан Ордев, објави Канал 5.

policiska

Сообраќајката се случила кога автомобилот марка „Фолксваген Поло“, движејќи се од правец на зградата на Противпожарната единица на улицата „Борис Кидрич“ кон крстосницата управуван од штипјанецот, А.Н. токму на крстосницата  удрил во автомобилот марка „Ауди“ караван, што се движел на улицата „Партизанска“, поточно од зградата на ЕВН кон меѓуградската автобуска станица, управуван од сега загинатиот 38 годишен возач. Резултатите од алкотестот кај 22 годишниот А.Н. покажале 1,45 промили алкохол во крвта.

Со А.Н. имало и сопатник. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top