| четврток, 6 декември 2018 |

Императорот Алонсо ја покори Кина

Шпанецеот Фернандо Алонсо со Ферари забележа победа во третата трка од формула 1, сезонава, пред Кими Раиконен и Луис Хамилтон. Шампионот Себастијан Фетел како четвртопласиран ја мина целта.Алонсо славеше со време од еден час, 36 минути и 27 стотинки, за 13,7 секунди побрзо од Финецот и 14,8 секунди пред Хамилтон.

 

Алонсо ја забележа 31. победа во кариерата и со 25 бода се проби на третата позиција во генералниот поредок. Тој имаше одличен старт, зад Хамилтон, којстартуваше од пол-позицијата. Веќе во петтиот круг, двојниот шампион од Шпанија изби на врвот, како лидер и со одлична тактика и возење успеа да слави во Кина.

Поради влегување во боксовите, на лидерската позиција имаше неколку промени, но Алонсо постојано имаше контрола, а извозе и најбрз круг при  46. вртење на патеката во Шангај, по што немаше дилеми околу победникот. 

 

Финишот беше мошне интересен, со обид на Фетел да го нападне Хамилтон во битка за третата позиција, но поредокот остана непроменет. Фетел го задржа врвот во генералниот поредок со 52 поени. Раиконен е зад него со 49, а Алонсо се проби до третата позиција со 43 поени. Хамилтон е веднаш зад водечкото трио со 40 поени.

Во поредокот кај конструкторите, Ред Бул остана на првата позизција со 78 поени, 5 повеќе од Ферари и 18 позитива во однос на Лотус.

Следната трка е за на 21. април на патеката Манама во Бахреин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top