| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2016 година ќе има ново зголемување на пензиите и социјалната помош од пет проценти

pari– Во 2015 година пораснаа пензиите на пензионерите за пет отсто во 2015 година, а ќе следи и таков пораст во 2016 година, како и пораст на минималната плата, во согласност ветеното. Досега, од 2006 година просечната пензија порасна за 70 отсто, а најниската пензија за 84 отсто. Во 2016 година треба да почне и градбата на нови државни пензионерски домови за пензионери со пониски пензии. Социјалната помош место за ветените пет отсто во 2015 година прасна за 10 отсто, и ќе има ново покачување во 2016 година од најмалку пет отсто. Се изградија 10 нови детски градинки, и уште четири се при крај, а уште повеќе се планираат за 2016 година. Над 140 милиони евра се отплатија за земјоделците во 2015 година, а во 2016 година земјоделците можат да сметаат на нови 150 милиони евра за земјоделието, и да продолжи оваа стабилна и континуирана поддршка, која ја добиваат. И поддршката не е само преку субвенциите, туку и преку помош на млади земјоделци, подигнување на нови насади и набавка на приплоден добиток, систем капка по капка, градба на системи за наводнување – најави премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top