| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2016 година ќе почне градбата на пет нови експресни патишта и на шест регионални

ekonomija-patista-51-1 – Тече градбата во согласност со планот на трите автопатишта во Македонија. Речиси готова е и реконструкцијата на автопатот Велес – Катланово, а во 2016 година ќе се реконструира автопатскиот дел Смоквица – Гевгелија и Куманово – Скопје. Во 2015 година почнавме со реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта во долина од 170 километри. Во 2016 година почнува градба на неколку експресни патишта со четири ленти за кои веќе се обезбеди и потпиша финансиска конструкција. Тоа се Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Охрид – Пештани и Градско – Прилеп, плус ќе почнеме и реконструкција на други шест регионални патишта. Се гради и пругата кон Бугарија, и од Битола кон Грција, а се прави проект за пруга од Кичево кон Албанија. Се одвива проект за реконструкција на железничките станици, а набавивме и нови шест патнички композции и нови товарни вагони. Ова се милионски проекти, кои се инвестираат во македонската економија. Проекти, проекти и проекти, тоа е нашата работа – посочи премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top