| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Опозицијата да се придржува кон преземените обврски, на народот му е преку глава од конфликтности и од судири

gruevski ft_2Изборите во април ќе бидат фер и демократски, а сите треба да направиме тоа да биде така, нагласува премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Изборите во април ќе бидат фер и демократски. И сите ние треба да направиме максимум тоа да биде така. Реформираниот Закон за избори за првпат ќе биде применет. Тој, меѓу другото, предвидува, отсега па на сите наредни парламентарни избори, премиерот ако повторно излегува на изборите, да се повлече од функцијата, во еден кус временски период пред изборите, со цел да се осигури дека со тоа што нема да е во извршната функција, нема да има некаква предност во добивањето на довербата на гласачите. Јас прв ја поддржувам оваа реформа, затоа што верувам во својот народ, и не сакам да дозволам алиби на кого било за да избега од соочувањето со народот. Во овие празнични денови, посакувајќи ѝ и на опозицијата добро здравје и среќа во семејствата во претстојната 2016 година, сакам да ја повикам да не бега од народот и достоинствено да го потврдат своето учество на изборите и да се придржува кон преземените обврски затоа што на народот му е преку глава од натегања, конфликтности и судири. Народот од нас бара решенија за нивните секојдневни проблеми – нагласува премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top