| четврток, 6 декември 2018 |

Осумте загинати полицајци оваа година се хероите што Македонија ќе ги памети вечно

blagodarime heroi-Не можам, а да не ги споменам и настаните во Куманово, кои дадоа еден друг печат на сите општествено-политички и безбедносни случувања, настани што, според мене, имаат историско значење, и сакам во ова мое обраќање да изразам жалење и сочувство, што во оваа година ние загубивме осум човечки животи, полицајци што херојски, на браникот на татковината, беа дел од силите што се бореа и успеаја да го потиснат нападот на организираната криминално-терористичка група во Куманово. Тие осум полицајци Македонија вечно ќе ги памети и ќе ги уважува на единствениот начин на кој заслужуваат – како херои. За овој темен политички контекст и сите придружни манипулации и случувања во оваа година нема да одам во детали во денешново обраќање до вас – вие ја живеевте таа година. Вие имате совршена процена за секој момент од 2015 година, вие сте свесни, слободни и слободоумни граѓани, со изострено чувство за објективната стварност и со голема, голема мудрост, со зрелост и со капацитет за донесување одлуки – посочи премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top