| четврток, 6 декември 2018 |

За спремни домаќинки – Новогодишен бејлис

Рецепт како да го подготвите овој идеален пијалак за новогодишната ноќ.

Потребно:
● 8 дл. + 2дл. млеко
● 6 лажици шеќер
● 1 кесичка пудинг од карамела
● 1 кесичка шлаг
● 100 г. бело чоколадо Милка
● 2 дл. виски


Подготовка:
● Во тенџере на оган ставете 8 дл. млеко и шеќерот и оставете да проврие. Во останатите 2 дл. млеко додајте го правот за пудинг и за шлаг, и добро промешајте. Потоа, оваа мешавина додајте ја во тенџерето на оганот и варете додека да почне да се згуснува.

● Растопете го белото чоколадо, додајте го во претходната смеса и оставете да се излади, на крај, додајте го вискито и добро измешајте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top