
Четири нови болници ќе бидат изградени, а пет ќе се реконстурираат во годината што доаѓа. Ова го најави премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање до граѓаните.
-Во здравството имавме повторно многу нови вложувања и ќе имаме уште повеќе во 2016 година. Се изгради болницата во Козле, новиот простор за државната кардиохирургија, а ПЕТ-центарот е при крај. Градбата на новиот клинички центар се одолжи, но, конечно, се избира изведувач и во 2016 година ќе почне градбата на овој капитален проект, исто како и клиничката болница во Штип, за која се одбра изведувач. Почнаа голем број темелни реконструкции на болници, како во Битола, Прилеп, „Св. Еразмо“ во Охрид. Следува и реконструкцијата на болницата во Струмица, и градбата на ургентниот центар во Куманово, двете во март 2016 година, како и реконструкцијата на клиничката болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Во тек е и градбата на болницата во Кичево. Се реши проблемот со лековите за лица со ретки болести, се воведоа поливалентните вакцини, а се подготвува и отворање центар за трансплантации во 2016 година – рече претседателот на Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Зрак на надеж: Дарко Лазиќ е подобар, утринава го посетила и свршеницата!


