| четврток, 6 декември 2018 |

Партија со посебни, специјални потреби

Си­гу­рен де­ка е „спе­ци­јал­но“ за­шти­тен, Зо­ран За­ев се по­ја­ви на „Пуч“. Ко­неч­но, го до­че­кав­ме и тој ден. По пет „не­приз­на­ва­ња“ на су­дот, ли­де­рот на СДСМ се пре­мис­ли. Ше­ста­та мај­ка се слу­чи со спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка. Е тоа да ти би­ло ви­стин­ска ин­сти­ту­ци­ја. Ако не е нив­на, не ја приз­на­ва­ат. Кла­си­ка…

Не мо­жеј­ќи да го скрие ли­ку­ва­ње­то, све­сен де­ка по­втор­но го изи­гра си­сте­мот, ли­де­рот на СДСМ, ко­неч­но, се по­ја­ви на ше­сто­то ро­чи­ште на „Пуч.“ Ед­наш со ам­не­сти­ја, втор­пат со не­за­кон­ско пу­шта­ње раз­го­во­ри, трет­пат со „спе­ци­ја­лен“ штит од за­ко­нот. Тре­та­та сре­ќа кај „црп­на­ти­от“ спа­си­тел на­мет­на фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја, ко­ја по­ка­жу­ва­ше по­тре­ба од блех ор­ке­стар и од пај­тон. Та­ка, За­ев ше­рет­ски се про­ше­та до су­дот, не­ба­ре не зна­еј­ќи де­ка Ка­ти­ца го од­ло­жи­ла ро­чи­ште­то. Пра­ша­ње­то што се по­ста­ву­ва ло­гич­но е да­ли тој, Ве­ру­шев­ски, Ла­за­рев­ски и Па­ли­фров зна­е­ја за од­ло­жу­ва­ње­то, по­втор­но, шест де­на по­ра­но од јав­но­ста, ка­ко што и ин­ди­ка­тив­но доз­наа де­ка Ја­не­ва во­оп­што го пре­зе­ла овој слу­чај? Ве­ро­јат­но да, но овој пат не со пис­мо – по­ра­ка што за нив­на жал ми­на­ти­от пат ја пре­срет­наа „не­при­ја­тел­ски­те“ ме­ди­у­ми, кои тол­ку без­о­браз­но ја чеп­наа ин­ти­ма­та на ен­дем­ски­те „свир­ка­чи“ раз­уз­на­ва­чи во све­тот. Спе­ци­ја­лен вид, ка­ра­кте­ри­сти­чен са­мо за ма­ке­дон­ска­та поч­ва. Не­што слич­но ка­ко и об­ви­ни­тел­ка­та, но не по­ра­ди спе­ци­јал­но­ста, ту­ку по­ра­ди на­чи­нот на кој ја ко­ри­сти таа спе­ци­јал­ност. И не­ве­ро­јат­ни три ме­се­ци по наз­на­чу­ва­ње­то за истра­жу­ва­ње на прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри Ја­не­ва не мис­ли де­ка е по­треб­но да ги по­ба­ра и слуш­не во ори­ги­нал. Не. На неа, очиг­лед­но, ѝ е до­вол­но тоа што го слуш­на­ла од пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“ на За­ев. Нај­ве­ро­јат­но, це­лос­но ве­ру­ва и во не­го­ви­от дра­ма­ти­чен на­ра­тив, пре­ди­гра на се­кое пу­шта­ње нов раз­го­вор?! На­ви­сти­на, спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка…

Нај­со­од­вет­ни­от мо­мент во це­ла­та при­ка­ска за пре­зе­ма­ње­то во „Пуч“, слу­чај што не е дел од неј­зи­ни­те „спе­ци­јал­ни“ ин­ге­рен­ции, е спа­су­ва­ње­то на ли­де­рот на пар­ти­ја со по­себ­ни, спе­ци­јал­ни по­тре­би. Па, ѝ при­ле­га спе­ци­јал­на об­ви­ни­тел­ка на спе­ци­јал­на пар­ти­ја, не­ли. По­себ­ни­те по­тре­би се дел од исто­ри­ја­та на пар­ти­ја­та, ко­ја ни­ту ед­наш не по­бе­ди­ла фер и де­мо­крат­ски на из­бо­ри, ту­ку се­ко­гаш со „спе­ци­јал­на“ по­год­ност. Се­га, свес­ни де­ка за­о­ста­ну­ва­ат мно­гу во од­нос на про­тив­ни­ци­те, се кр­стат во чу­до­то на спе­ци­јал­на­та Ка­ти­ца. Зву­чи ка­ко бур­ле­ска, но нас­лед­ни­ци­те на ко­му­ни­сти­те ате­и­сти се „кр­стат“ во чу­до и има­ат ли­дер што се­бе­си се сме­та за спа­си­тел „црп­нат“ од гос­по­да?! Чу­дес­на, мрз­ли­ва ма­ке­дон­ска опо­зи­ци­ја…

 

analiza173-2

Пр­во чу­до за бе­а­ти­фи­ка­ци­ја на „спе­ци­јал­на­та на­деж“

За да ја прог­ла­сат за све­ти­ца во ате­и­стич­ка­та пар­ти­ја, Ја­не­ва ќе мо­ра да го зас­лу­жи тоа. Слич­но ка­ко и во Ка­то­лич­ка­та цр­ква, и пар­ти­ја­та на Па­вел Ша­тев е ра­ко­во­де­на од па­па. Се­га, мо­же­би, и за­тку­лис­но, но, се­пак, очиг­лед­но. Кон­тра­ди­кор­но, ка­ко и сѐ во СДСМ, но се­га па­па го ра­ко­во­ди спа­си­те­лот. Спе­ци­јал­на­та на­деж, оте­ло­тво­ре­на по­мал­ку во ли­кот и по­ве­ќе во де­ло­то на Ја­не­ва се­га-за­се­га ја зас­лу­жи сво­ја­та бе­а­ти­фи­ка­ци­ја. Пр­во­то чу­до е сто­ре­но, За­ев кур­ту­ли од „Пуч.“ Не тол­ку пре­ку сво­и­те ин­ге­рен­ции, кол­ку пре­ку стран­ски­те вли­ја­ни­ја, таа ус­пеа да го за­шти­ти ли­де­рот. Вто­ро­то чу­до, пак, по­треб­но за неј­зи­на ка­но­ни­за­ци­ја ка­ко све­ти­ца кај членс­тво­то на СДСМ, тре­ба да до­не­се по­бе­да на из­бо­ри.

analiza173-3

analiza173-4

За тоа и, де­фи­ни­тив­но, тре­ба чу­до, а, спо­ред се­гаш­на­та по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја и од­но­сот на си­ли­те на те­рен, т.е. кај гла­са­чи­те, за во­скрес­ну­ва­ње на мр­тва­та пар­ти­ја и ерек­ци­ја на бед­ни­от реј­тинг ќе тре­ба ме­га­чу­до. Имај­ќи пред­вид де­ка спе­ци­јал­на­та на­деж пос­лед­на уми­ра, пар­ти­ја­та до пос­лед­но ќе се на­де­ва на не­што ин­вен­тив­но и гран­ди­оз­но од шап­ка­та на Ја­не­ва, кое ќе ги из­ва­ди од без­и­деј­но­ста и де­пре­си­ја­та, мул­тип­ли­ци­ра­ни со пос­лед­ни­те ан­ке­ти. Мо­же­би, и ли­де­рот ќе се ва­ди на де­пре­си­ја ка­ко при­чи­на зо­што не ги да­ва прис­лу­шу­ва­ни­те ма­те­ри­ја­ли. На­стра­на, би би­ло и по­ло­гич­но од до­се­гаш­ни­те из­го­во­ри…

 

analiza173-5

Ли­де­рот приз­на во тре­то ли­це ед­ни­на

Нас­ме­а­но­то ли­це на ли­де­рот ко­га из­ле­зе од су­дот мал­ку ги от­трг­на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те од цр­ни­ла­та на мрач­но­то се­којд­не­вие. Иа­ко, не сфа­ти­ја де­ка нас­ме­вка­та се дол­жи на не­го­ва­та лич­на сре­ќа и уште по­лич­на, спе­ци­јал­на на­деж за спас од пос­ле­ди­ци­те од рол­ја­та во „Пуч“. А тој се по­тсе­ти на до­бри­те ста­ри вре­ми­ња, па, нај­ве­ро­јат­но, „Пуч“ му за­ли­чи на „Гло­бал“. И се от­пу­шти и нас­меа. На пар­тиј­ци­те, пак, фа­те­ни со ра­це­те во ме­дот, кој до­би фор­ма на лич­ни кар­ти и па­со­ши, се­пак им го­де­ше, ма­кар на мо­мент, оза­ре­ни­от лик на чел­ни­кот. И кај нив тра­е­ше кра­тко, за­тоа што се се­ти­ја де­ка оби­дот им се удри од гла­ва ка­ко бу­ме­ранг. Слич­но ка­ко и на „про­фе­си­о­нал­ни­те“ но­ви­на­ри, кои во нап­ли­вот на за­до­волс­тво, пред да би­дат фа­те­ни на де­ло, ги учеа сво­и­те ко­ле­ги ка­ко тре­ба­ло да ра­бо­тат. По­ве­ро­јат­но, ка­ко не тре­ба. Ли­де­рот, ка­ко по на­ви­ка, се „отво­ри“ по вто­ра­та ре­че­ни­ца во из­ја­ва­та пред ме­ди­у­ми­те и вле­зе во оми­ле­но­то, нар­ци­со­ид­но тре­то ли­це ед­ни­на. Гле­дај­ќи се се­бе­си од стра­на, За­ев ѝ по­ра­ча на на­ци­ја­та:

„Не ба­рам са­мо прав­да за За­ев, ту­ку за си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја!“

Исто­вре­ме­но, чо­ве­кот што пос­лед­на­та го­ди­на ка­жа ду­зи­на те­шки ла­ги, приз­на де­ка тра­га по ви­сти­на­та, што и не е тол­ку чуд­но, не­ли. Во тво­реч­ки­от за­нес, по­ве­ден од олес­ну­ва­ње­то или, мо­же­би, под при­ти­сок на фрој­дов­ски­от комп­лекс, кој е че­сто при­су­тен кај не­го, тој приз­на де­ка зна­ел де­ка Ја­не­ва ќе го спа­си и де­ка ќе го зе­ме „Пуч“: „Ка­ко што ве­тив де­ка ќе дој­дам во суд отка­ко Спе­ци­јал­но­то об­ви­ни­телс­тво ќе го пре­зе­ме овој пред­мет, та­ка на­пра­вив би­деј­ќи си сто­јам на збор“.

А ве­ти мно­гу по­ра­но од мо­мен­тот ко­га Ја­не­ва об­ја­ви де­ка го пре­зе­ма. Те­ле­па­ти­ја, не­ли. Се­га, За­ев по­ба­ра и слу­ча­јот „По­ткуп“ да го зе­ме, кој друг, ако не Ја­не­ва. Ќе ста­не ли тој 37. слу­чај во СЈО? Што е си­гур­но, си­гур­но е. За чу­до, За­ев не го по­ба­ра исто­то за „Гло­бал“?! По­тра­га­та по ви­сти­на­та заг­ла­ви кај Ја­не­ва…

 

Aleksandar-Dastevski-200Да­штев­ски: СЈО не ја из­вр­ши ос­нов­на­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја е из­бра­но

При фи­ни­шот на до­го­во­рот од Пр­жи­но си­те беа среќ­ни што, ко­неч­но, ќе поч­не да се ре­ша­ва ве­штач­ки соз­да­де­на­та ед­но­го­диш­на по­ли­тич­ка кри­за од опо­зи­ци­ја­та, ве­ли доц. д-р Але­ксан­дар Да­штев­ски, за кој уште по­ин­те­ре­сен бил из­бо­рот на спе­ци­ја­лен ја­вен об­ви­ни­тел за кој си­те сме­таа де­ка тоа ќе би­де не­за­вис­но и не­у­трал­но ли­це, кое не­ма да за­зе­ма стра­на.

ДАШТЕВСКИ: Но, ка­ко што по­ми­ну­ва­ше вре­ме­то, поч­на да ста­ну­ва сом­ни­тел­но де­ка Спе­ци­јал­на­та јав­на об­ви­ни­тел­ка ќе ра­бо­ти не­за­вис­но. Тоа се ви­де со пред­ло­же­на­та ли­ста на за­ме­ни­ци ка­де што има­ше су­дир на ин­те­ре­си за не­кол­ку­ми­на, пре­теж­но по­вр­за­ни со ли­ца бли­ски до опо­зи­ци­ја­та. Ко­га поч­наа из­ја­ви­те ве­ќе се ви­де и не­ма­ње ка­па­ци­тет за из­вр­шу­ва­ње на оваа функ­ци­ја. Име­но, спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка из­ја­ви де­ка ќе ра­бо­ти са­мо со се­дум за­ме­ни­ци, а дру­ги­от ден ја сме­ни из­ја­ва­та и ре­че де­ка не­ма да ра­бо­ти до­де­ка не се из­бе­рат си­те. Ту­ка дој­де до израз таа не­под­го­тве­ност за из­вр­шу­ва­ње ви­со­ка функ­ци­ја. Или, пак, не­кој и из­вр­шил при­ти­сок на об­ви­ни­тел­ка­та да го на­пра­ви тоа. Овие га­фо­ви кул­ми­ни­раа со из­ја­ва­та на спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка со ко­ја ги по­ви­ка из­бра­ни­те за­ме­ни­ци да не да­дат све­че­на из­ја­ва де­ка со­вес­но ќе ги из­вр­шу­ва­ат сво­и­те функ­ции. Тоа е ди­рект­но спро­тив­но на за­ко­нот. Но со тоа се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то, да­ли и ка­ко ќе ја из­вр­шу­ва сво­ја­та ра­бо­та не­кој што и сам го кр­ши за­ко­нот. Освен ако тоа не е до­го­во­ре­но со не­ко­го. Мо­же да би­де до­го­во­ре­но со опо­зи­ци­ја­та, но со ог­лед на тоа де­ка таа, из­вес­но, ќе ги за­гу­би из­бо­ри­те, мо­ра да има не­кој што е над неа, не­кој со по­го­ле­ма по­ли­тич­ка моќ од до­маш­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии.

По ова, СЈО по­втор­но вле­гу­ва во це­лос­на пов­ле­че­ност, без из­ја­ви и со­оп­ште­ни­ја до јав­но­ста, за, ко­неч­но, да дој­де до со­оп­ште­ние де­ка СЈО ќе во­ди 36 слу­чаи од кои ед­ни­от е „Пуч“, а два­на­е­сет од тие слу­чаи се по­вр­за­ни со из­бо­ри­те. Но по­втор­но од дру­ги из­во­ри јав­но­ста доз­на­ва де­ка уште пред да го да­де ова со­оп­ште­ние об­ви­ни­тел­ка­та ги из­ве­сти­ла со пис­мо пр­во и вто­ро­об­ви­не­ти­от во кри­вич­на­та по­стап­ка на­ре­че­на „Пуч“, де­ка го пре­зе­ма пред­ме­тот во неј­зи­на над­леж­ност. Тоа да­ва ос­но­ви за сом­не­ва­ње де­ка се ра­бо­ти за не­ка­ква по­вр­за­ност со опо­зи­ци­ја­та, но и не­кои неј­зи­ни мен­то­ри, за­тоа што прет­ход­но јав­но­ста бе­ше за­поз­на­е­на де­ка пр­во­об­ви­не­ти­от во ор­га­ни­за­ци­ја на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та тре­ба­ше да бе­га во странс­тво. Пре­зе­ма­ње­то на овој слу­чај е гре­шка за­тоа што ова об­ви­ни­телс­тво е из­бра­но да ја во­ди истра­га­та око­лу раз­го­во­ри­те што про­из­ле­гу­ва­ат од сле­де­ње­то на ко­му­ни­ка­ци­и­те, ка­ко што пи­шу­ва во точ­ка­та осум од про­то­ко­лот на До­го­во­рот од Пр­жи­но од 15 ју­ли 2015 го­ди­на. Со ова СЈО вле­гу­ва во сопс­тве­на ста­пи­ца, да би­де из­ло­же­но на при­ти­со­ци за пре­зе­ма­ње дру­ги пред­ме­ти, што е спро­тив­но на су­шти­на­та на до­го­во­рот, кој е ос­но­ва за не­гов из­бор. Ко­неч­но, пр­ва­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја бе­ше из­бра­но ова об­ви­ни­телс­тво е со­др­жа­на во До­го­во­рот од 6 ју­ни 2015 го­ди­на, ка­де што во точ­ка­та шест, став два, стои де­ка не­ма да има на­та­мош­но об­ја­ву­ва­ње на ка­ков би­ло прис­лу­шу­ван ма­те­ри­јал. По вра­ќа­ње­то на СДСМ во Со­бра­ни­е­то, си­те ма­те­ри­ја­ли што ги има СДСМ или кој би­ло друг, ќе би­дат под­не­се­ни до Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво за ит­на по­стап­ка.

Спо­ред тоа СЈО не ја из­вр­ши­ло ос­нов­на­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја е из­бра­но. Тоа оста­ва сом­не­жи ка­ко об­ви­ни­телс­тво­то се ре­ши­ло за овие 36 слу­чаи, би­деј­ќи за да зе­ме­те во над­леж­ност одре­де­ни слу­чаи мо­ра да сте ги прес­лу­ша­ле ори­ги­нал­ни­те до­ка­зи, од­нос­но сним­ки, до­тол­ку по­ве­ќе што це­ло вре­ме се шпе­ку­ли­ра, де­ка се ра­бо­ти за мон­ти­ра­ни, се­че­ни и ле­пе­ни ма­те­ри­ја­ли. Зна­чи, без да се зе­мат овие до­ка­зи, пра­ктич­но, не мо­же да се во­ди ни­ед­на по­стап­ка. Од дру­га стра­на, ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та не са­ка да ги да­де, иа­ко се об­вр­зал на тоа со до­го­вор на­пра­вен со по­средс­тво на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Тоа што е уште по­важ­но, об­ви­ни­тел­ка­та Ка­ти­ца не пре­зе­ма ни­ед­на од за­кон­ски­те мер­ки што ѝ сто­јат на рас­по­ла­га­ње. Со тоа са­ма­та пра­ви це­ла­та јав­ност да се по­сом­не­ва во за­ко­ни­то­ста и об­је­ктив­но­ста на неј­зи­на­та ра­бо­та. Ка­ко врв на си­те овие слу­чу­ва­ња е по­ја­ву­ва­ње­то на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та пред су­дот за слу­ча­јот „Пуч“, ка­де што по од­ло­жу­ва­ње­то на по­стап­ка­та по ба­ра­ње на Ка­ти­ца Ја­не­ва, од не­го­ва­та из­ја­ва мо­же да се на­се­ти де­ка об­ви­не­ти­те ќе би­дат ос­ло­бо­де­ни. Тоа е уште еден пре­се­дан, кој до­а­ѓа од не­по­чи­ту­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот, ка­ко и не­по­чи­ту­ва­ње на прав­на­та др­жа­ва, иа­ко и ова пра­ша­ње е до­го­во­ре­но во Пр­жи­но, со­др­жа­но во точ­ка­та шест, став че­ти­ри, а ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та по­ста­пу­ва со­се­ма спро­тив­но од тоа што го пот­пи­шал. Се прет­по­ста­ву­ва де­ка глав­на­та при­чи­на за не­да­ва­ње на ма­те­ри­ја­ли­те е тоа што опо­зи­ци­ја­та са­ка да ги ко­ри­сти во по­ли­тич­ки це­ли, во те­кот на пре­диз­бор­ни­от и из­бор­ни­от пер­и­од. Ова ве­ќе се слу­чу­ва на пор­та­ли и на те­ле­ви­зии бли­ски до опо­зи­ци­ја­та. Вто­ра­та при­чи­на што и по­ли­ти­ча­ри­те од опо­зи­ци­ја­та и неј­зи­ни­те ме­га­фо­ни по­сто­ја­но ја наг­ла­су­ва­ат, е од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те по­ра­ди ни­ски­от реј­тинг, кој сѐ уште па­ѓа, или, ед­но­став­но, бе­га­ње од из­бо­ри­те. По се­ко­ја ло­ги­ка, и да се ра­бо­ти за два­та ус­ло­ва, сме­там де­ка се по­греш­ни. Точ­но е де­ка во по­ве­ќе на­вра­ти стран­ци­те им по­мог­наа, не­ка­де еви­дент­но, не­ка­де зад ку­ли­си­те, но ако има­ат ба­рем мал­ку до­сто­инс­тво, ќе го спре­чат овој обид за бег­ство од из­бо­ри­те и про­дол­жу­ва­ње на по­ли­тич­ка­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја, за­тоа што ис­пол­ну­ва­ње­то на до­го­во­рот го га­ран­ти­ра ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, а на не­го стои и пот­пи­сот на евро­ко­ме­са­рот Јо­ха­нес Хан.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 173. број на неделникот „Република“, 25.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top