На домашен план, во однос на политичките случувања, 2015 година беше многу тешка. Година во која се случи политичката криза, сигурно најтешката во историјата на независна Македонија, откако желбата да ја собори оваа власт, некого го натерала незаконски и криминално да организира и да снима телефонски разговори на голем број политичари и јавни личности, кои откога биле добро спакувани, во смисла едитирани, ставени во различен контекст и создадени наменски креирани материјали, со месеци беа оружје со кое се сакаше да се постигне јасна политичка цел, промена на власта во Република Македонија, и тоа на само неколку месеци, претходно избрана од убедливото мнозинство граѓани на Македонија на организирани избори, кои никој друг, освен нашиот политички опонент, не ги прогласи за нефер или недемократски – посочи премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање.
Тој додаде:
Јас нема да објаснувам што се случуваше во изминатава година на политички план бидејќи вие, почитувани граѓани, бевте сведоци на сѐ, сѐ гледавте, имавте многу информации и извлековте многу заклучоци. Јас имам свој поглед за сите работи и многупати гледајќи ве во очи сум ви го соопштил, и од целиот овој контекст кој ни беше наметнат единствено ме притиска фактот што да не беше оваа политичка криза наметната од опозицијата, економијата ќе се развиваше уште побрзо и многу поголем број на лица ќе се вработеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии