| четврток, 6 декември 2018 |

„Ретвитни оброк“: Не го фрлајте го вишокот храна, донирајте за бездомниците

„Ретвитни оброк“ апелира храната што ќе остане во домовите и во рестораните за новогодишната ноќ да не се фрла, туку да биде донирана за бездомниците.

– Апелираме до сите добронамерни луѓе, кои сакаат да споделат добрина и љубов со бездомниците и социјално загрозените лица тоа да го направат донирајќи дел од својата храна – се вели во апелот на нивната страница на „Фејсбук“.

Може да контактирате со нив на телефонскиот број 078 263 792, на „Фејсбук“ или преку „Ретвитни оброк“ в петок, 1.1.2016 година во периодот од 14.00 до 16.00 часот.

Нивното комби ќе патролира низ Скопје и ќе ја собира донираната храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top