Изгледа дека се погрешно сме правеле кога е во прашање преболувањето на крајот на една врска.
Кога ќе раскинте со саканата личности и ќе им соопштите на вашите најблиски, сите ќе имаат барем еден совет како да се изборите со тоа на најдобар начин.
Мајка ви ќе ве потсети дека „има уште толку многу риби во морето“, пријателите ќе ве охрабруваат дека најдобриот начин да преболите некој е да му најдете замена, а најдобрите пријатели ќе ве однесат на јадење и пијалак.
Меѓутоа, научниците ни порачуваат дека всушност нема лесен и најдобар начин како да го преболиме раксинувањето.
Истражувачите од Универзитет во Аризона и Нортвестерн тврдат дека најдобриот начин конечно да го преболите раскинувањето е еден период да размислувате за врската и каква всушност била таа.
Речиси сите ние правевме се споритвно од тоа што научниците го препорачуваат, поточно правиме се што е во наша моќ за да во мислите не се враќаме на поранешната врска.
Во истражувањето биле вклучени 210 возрасни луѓе кои неодамна раскинале врска, а резултатите покажале дека оние кои зборувале за своето раскинување во рок од 9 недели покажале помало чувство на осаменост и депресија.
Затоа, наместо вашата тага да се обидете да ја потопите во алкохол, размислете за сите добри и лоши аспекти на вашата врска, што довело до раскинувањето и дали таа личност воопшто била за вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.