| четврток, 6 декември 2018 |

Невистинити совети за љубовта и за сексот

љубов

Совет: Никогаш не се бакнувај со типот на првиот состанок бидејќи така ќе оставиш впечаток на „нечесна“ девојка.

Факт: Добрата девојка може да бакне кого сака и кога сака. И додека секој маж на состанокот мора да покаже разбирање кон својата придружничка, таа бира дали на крајот од вечерта ќе дојде до бакнеж – и без оглед на исходот и понатаму ќе биде добра девојка.

Совет: Ако имаш секс на првиот состанок со мажот, ќе помисли дека си лесна девојка.

Факт: Добриот маж никогаш нема да те осудува поради твоите одлуки, особено оние кои се однесуваат на сексот. Вистина е дека девојките многу често построго ги осудуваат кога ќе одлучат да имаат секс на првиот состанок, но тоа не би требало да биде така. За цела среќа, оваа предрасуда полека заминува во историјата.

Совет: Ако го возбудиш, мора да имаш секс со него

Факт: Секогаш можеш да кажеш „не“ – без оглед на се. Воопшто не е важно колку е „напален“, кога ќе му кажеш да престане, тој мора да престане. И тоа не те прави лоша личност.

Совет: Треба добро да се потруди.

Факт: Сигурно некој ти рекол дека мажот мора добро да се потруди пред да те освои, како и дека би требало да почекаш пред да му одговориш на пораката и да не се согласуваш на состанок во последен момент. Вистината е дека е во ред да му покажеш дека имаш свој живот, но ако постојано си зафатена, ќе пропуштиш многу спонтани моменти кои се случуваат само еднаш во животот, исто како и вистинската љубов.

Совет: Ако поминуваш премногу време работејќи домашни работи, нема да му бидеш секси.

Факт: Перењето на облека нема никаква врска со тоа дали е некој секси или не. Ќе имате секс кога ќе го посакате тоа, без оглед на тоа колкуви се чисти или валкани подовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top