| четврток, 6 декември 2018 |

Маж се самозапали во Атина

Во северниот дел на грчката престолнина Атина, триесет и петгодишен маж се обидел да се самозапали, пренесе интернет страницата на весникот Вима.

Мажот веднаш бил хоспитализиран во болницата, каде што му се утврдени тешки изгореници.

Инцидентот се случил во резиденцијалниот кварт Врилисија, а човекот најверојатно се полеал со запалива течност.

Изгорениците кои зафатиле 80 проценти од неговото тело, ја попречуваат неговата визуелна идентификација.

При приемот во болницата мажот бил во свесна состојба и ги молел лекарите да му дозволат да умре.

Несреќниот случај го забележале минувачите и веднаш ја повикале полицијата и итната помош.

Извори од болницата истакнале дека состојбата на пациентот е критична.

Се уште не се знаат причините поради кои мажот решил да се самоубие. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top