| четврток, 6 декември 2018 |

Едната града ми е искривена: како сега ќе одам на дочек на Новата година

Мислев дека сите мои маки ќе завршат откако решив да вградам силиконски импланти во градите. Ах, колку ли се излажав.

sise_1451397931_670x0

Во ноември си ја исполнив долгогодишната желба. Си вградив силикони во градите. Малите гради беа причина за моето често незадоволство и извор на мојата несигурност. Не бев задоволна како ми стојат фустаните, маичките па дури и кошулите.

Често се чувствував помалку вредна во друштво до девојки кои имаа поголеми гради. Тие беа полни со самодоверба поради тоа што сите гледаа во нив. Кога дипломирав донесов одлука да се почестам со гради какви што отсекогаш  посакував.

Јас во се во животот му пристапувам темелно особено кога се во прашање здравјето и естетика  и токму затоа и шест месеци истражував клиники кои се најдобри за вградување на импланти. Кога се запознав со сите детали на зафатот, си закажав термин. Целиот зафат помина како што и очекував. Знаев дека ќе чувствувам болка  но бев подготвена да ги поднесам.

danska-silikonske-grudi-1328585176-111834

*Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно

 Но штом ги видов новите гради забележав дека не се симетрични, забележав дека левата дојка е  поместена на страна. Нервозна му се јавив на хирургот.

Беше љубезен и ми закажа преглед за следниот ден. Ми кажа дека такви работи често се случуваат  и дека за месец до два дена градите ќе ми бидат симетрични. На премиерата на новите гради не поминав најдобро. Излегов со другарките во ноќен клуб и сите зјапаа во моите гради не затоа што се убави и  големи  туку затоа што едната малку бега на страна. Полудев. И сега додека сите планираат дочек на Новата година јас решив да останам дома со мајка ми и татко ми и моите нови гради.

*Оваа исповед  е објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и проблемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти. 

silikoni-implanti-kompanija-pip-zdravstvene-vlasti-1328585176-33414

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top