Данска
Данците кршат чинии! И тоа пред својата куќа. Старите чинии се чуваат цела година и на полноќ се фрлаат пред влезната врата на пријателите. Колку повеќе чинии се скршат, толку повеќе пријатели ќе имате.
Кина
Кинезите слават лунарна Нова година, а тоа е празник на пролетта. Од Кинезите сешто може да се научи и да се примени во домашни услови, бидејќи тие тогаш детално ги чистат становите и куќите како симбол на фрлање на се што е старо, а на улиците се организираат церемонијални прослави со големи хартиени змаеви како симбол на моќ и успех.
Јапонија
Во Јапонија се слави цел декември и се одржуваат забави под името Боненкаи, на кои целта е да се остават лошите работи зад себе и да се подготват луѓето за нов почеток. Тогаш ѕвоната на будистичките храмови ѕвонат ни помалку ни повеќе туку 108 пати, за да избрка 108 човечки слабости. Потоа сите се смејат бркајќи ги со смеата лошите духови.
Австрија
Подготвуваат малку подобар ручек, а како десерт послужуваат сладолед од ментол во облик на детелина со четири листа.
Италија
Италијанците по дефиниција се бучни, а таква им е и прославата за Нова година. Колку поголема е бучавата, наводно толку злото побрзо ќе избега. Има логика, бидејќи колку е поголема бучавата, секој ќе побегне. Тоа не е се. Исто така од дома ги фрлаат старите непотребни предмети, од мебел до облека. И тоа преку прозорец. Од друга страна, стар сицилијански обичај вели дека среќата ќе дојде на тие кои на Нова година јадат лазањи.
Грција
На први јануари починал еден од најважните светци на Грчката православна црква, Свети Василиј, па тој датум е многу важен за Грците. Легендата вели дека овој светец го красела добрина и великодушност за сиромашните. Свети Василиј добил задача да собере данок од луѓето за државата. Меѓутоа, тој донел накит кој луѓето го оставиле, на што господарот се натажил и се одлучил на луѓето да им го врати златото.
Норвешка
Норвежаните се честат со пудинг од ориз. Во пудингот е скриено едно зрно од бадем. Тој што ќе го најде бадемот, во текот на идната година ќе го следи среќа.
Шпанија
Шпанците мора да изедат 12 зрна грозје, по едно за секој месец и нема проблеми со среќата, ни со варењето.
Куба
Како што Шпанците јадат грозје, Кубанците јадат по 12 грејпфрути, кои исто така ги симболизираат месеците во годината.
Бразил
Во Бразил е обичај во новогодишната ноќ да се носи бела облека. Наводно за среќа и мир во годината која следи. Со оглед дека Бразил е на јужната хемисфера и дека тогаш е лето, сосема е убаво да се биде во бел костим за капење.
Колумбија
Оваа традиција е поврзана како за Колумбија, така и за повеќе латиноамерикански земји. Во секое семејство се шие специјална кукла која ја претставува старата година, потоа истата се полни со парчиња стара облека од секој член од семејството. Потоа доаѓаат на ред хартивчиња на кои секој член на семејството пишува што би сакал да фрли во Новата година. Претпоставуваме дека не ги пишуваат имињата на останатите во домот. Кога сето тоа убаво ќе се спакува и сошие, куклата се изнесува надвор на тремот на куќата и се пали точно на полноќ. Се остава да гори се додека не се претвори во пепел, бидејќи дури тогаш со сигурност е истерана несреќата.
Холандија
Холанѓаните за дочекот се подготвуваат правејќи крофни, бидејќи веруваат дека тоа носи среќа. Позната е Холандиската штедливост, а сега се гледа и дека се радуваат на мали работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст