Вечерва во „Новолото“ , на ТВ „Сител“ во 20 часот ќе се одржи извлекувањето на броевите од 104 коло за оваа 2015 година. Новитет во ова празнично коло е тоа што Државна лотарија на Македонија првпат ќе им овозможи на играчите на „Новолото“ до три шанси за седумка, така што доколку во првото извлекување не биде постигната добивка со седум погодоци, ќе следуваат второ и трето извлекување, во кои во игра ќе бидат и сите претходно непостигнати категории на добивки.
Играчите на „Новолото“ изминатите денови имаа шанса да се запознаат со шансата која им ја укажува Државна лотарија на Македонија во ова коло, преку заедничките дружби со тимот на Државна лотарија на Македонија како и со водителката на „Новолото“, Марјана Станојковска.
Уплатата за ова коло трае до 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст