| четврток, 6 декември 2018 |

Која е новата жешка холивудска двојка?

Секси докторот Шепард од „Вовед во анатомија“ е повторно вљубен. Доктор Дерек Шепард, или Патрик Демпси од неодамна е во врска со колешката Џенифер Гарнер.

patrik i dzenifer

Извор за американскиот таблоид „ОК“ наведува дека првиот чекор го направила Џенифер која го поканила Патрик на кафе. Имајќи предвид дека се пријатели со години, поканата за кафе не била изненадување. Сепак, како што тврдат изворите блиски до новопечената холивудска двојка, искрите веднаш се појавиле помеѓу двајцата актери.

Списанието „ОК“ наведува и дека Патрик набрзо ја поканил Џенифер на втор состанок, а дека вечерата на која отишле заедно „траела цел викенд“.

Џенифер и Патрик имаат по еден брак зад себе. Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ во јануари годинава се разведе од сопругата Џилијан по повеќе од 15 години брак во текот на кој добиле три деца. И Џенифер неодамна му стави крај на десетгодишниот брак со колегата Бен Афлек. За разводот на еден од најпопуларните холивудски двојки пишуваа меидумите ширум светот, а како причини се спомнувани проблемите на Бен со алкохолот, но и аферата што наводно ја имал со дадилката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top