Да бидеме попродуктивни, не значи да работиме повеќе, туку по умно. За да успееме да завршиме повеќе работа во работно време, ќе треба да се откажеме од неколку штетни навики.
1. Постојаното пребарување/читање на интернет
Се обидувате да ги завршите задачите за работниот ден, но постојано читате на вашиот омилен сајт или барате одговор на последното прашање, кое ви се мота во глава. Време е да престанете да го правите тоа, инаку може да останете во канцеларија до доцна вечерта.
2. Мултитаскинг
Научно докажано е дека само 2% од луѓето во светот, можат истовремено да прават две различни работи и тоа да биде успешно. Ако не можете да го правите тоа, едноставно не го правете!
3. Си го проверувате ли мејлот?
Колку пати на ден си го проверувате мејлот? Два,три, десет или неколку пати на час? Научниците дошле до заклучок дека ако сте од последната група луѓе, тогаш вие губите по 25 минути од вашиот ден само со ова работа.
4. Да ги оставиш најтешките задачи за крајот на денот
Луѓето често го започнуваат денот со најлесните задачи, додека доручкуваат или пијат кафе. Следува паузата за ручек, а според научниците со текот на денот, кај голем дел од нас се намалува желбата за работа. Така најважните и тешки задачи им се одложуваат. Затоа треба да започнеме токму од нив.
5. Премногу состаноци
Дали некогаш ви се случило тоа? Имате 4-5 состаноци за еден ден и на тој начин не ви останува време за секојдневните задачи. Според основачот на „BlueGrace Logistics“, Боби Харис, човек треба да ја прифати поканата за средба, само и единствено ако страната која ја побарала средбата, обезбедила агенда и евентуално времетраење. Во време во кое имаме на располагање можност за видео повици, разговори и слично, не е потребно да правиме по неколку непотребни состаноци. Дали се согласувате?
6. Да седиш цел ден
Бизнис консултантот Нилофер Мерчант, споделува дека помогнал на многу компании, со тоа што вовел нешто неконвенционално, состаноци, но не во канцеларија, туку надвор. Знаете ли како прошетката влијае на вработените, ете така што се раѓаат нови и свежи идеи.
7. Да го притиснеш снуз копчето наутро
Мислите дека со притискање на копчето и дремнете уште неколку минути, ќе се доспиете? Всушност токму спротивното, бидејќи научниците докажаа дека тоа ни влијае прилично лошо. Неколку минути дефинитивно нема да ви помогнат, бидејќи вашето тело има потреба од длабок сон, за да се одмори.
8. Не можете да си поставите приоритети
Многу луѓе имаат цел куп идеи и сметаат дека ако една од нив не успее, тогаш на ред доаѓа другата. Да, но тоа влијае на вашата продуктивност. Затоа треба да утврдиме која е најважната задача и да се фокусираме на неа. Според Ворен Бафет, секој од нас треба да ги напише 25-те најважни задачи, кои треба да ги заврши до крајот на животот. Потоа прешкртајте 20 од нив и фокусирајте се на останатите.
9. Планирањето
Да, добро е да го планирате вашиот ден. Но не и час по час, бидејќи ако изникнува нешто непредвидено, тоа ќе ги смени вашите планови. Зошто во 2016 година не се обидете да планирате само 4-5 часа дневно?
10. Телефонот да биде до тебе во спалната соба
Можеби е последно, но не и неважно. Според експертите, првите 30 минути и последните 30 минути од денот, треба подалеку од нас да ги држиме телефоните, лаптопите и таблети, бидејќи во спротивно ризикуваме да си го оштетиме видот, а и ќе бидеме склони кон депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.