Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по воглавно суви и чисти коловози.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Заради оштетениот мост 9 преку Вардар, патот Р-103 Неготино- Штип/ Радовиш останува целосно затворен, а сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Заради реконструкција на мостот на патот Гостивар- крак Маврово, сообраќајот е регулиран со семафори заради наизменично движење во една лента.
Семафори има и на правецот Демир Капија- Удово, кај тунелите на Демир Капија заради градежни работи на пат.
Табли со ознаки за работа на пат има и на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково, каде се прави геодетско снимање. Едната табла е поставена на клучката кај Велес, а другото известување стои на клучката кај Кадрифаково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.