Последното јавно појавување на починатиот директор на Епл не било поради нов Ајфон или Ајпад. Имено тоа била презентација на нов проект пред општинското собрание на Купертин во Калифорнија. Темата – Новите простории на компанијата кои ќе изгледаат како „вселенски брод“.
Тие би се наоѓале насред шума која би имала 309 различни видови дрвја, а самиот објект би бил вистиснки одраз на опсесивното око на Џобс за детали.
Според Блумберг, цената за изградба во почетокот би била околу 3 милијарди долари, а потоа – до пет милијарди.
Дел од дрвата кои би се користеле за ентериер на зградата би требало да биде од специфично дрво јавор за да се искористи само внатрешноста односно само годовите.
Стаклото би било изработено во Германија, каде компанијата би морала да направи нови машини за изработка на стаклото. Идејата на Џобс била да нема ѕидови од цигли, звучна изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.