| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе го дочека Илинден во Охрид со Ники Ромеро

Миленикот на светската електронска денс-сцена, омилениот хедлајнер на фестивалите „Тумороуленд“ и „Ултра мјузик“ фестивалите ширум светот, Ники Ромеро за прв пат во Македонија ќе приреди ексклузивен сет, и тоа на први август – ноќта спроти големиот празник Илинден во Охрид.

Водечката холандска диџеј ѕвезда зад себе има соработки со ѕвезди како: Тиесто, Феде ле Гранд, Сандер ван Дам, Дејвид Гета, Келвин Харис, Авичи и Хардвел, а неодамна се закити и со наградата МТВ ЕМА за најдобар холандски изведувач (каде што ги престигна неговите сонародници Тиесто, Армин ван Бурен, Хардвел, Феде ле Гранд, Афроџек и др.).

Според листата на сто најдобри светски диџеи, познатиот диџеј Магазин го рангираше Ромеро во првите десет.

Ники Ромеро во 2012 година станува популарен со мегахитот „Toulouse“ и оттогаш, неговата популарност оди во нагорен правец. Покрај продуцентската работа, моментно Ромеро е резидент и на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени. Ова лето Мики Ромеро ќе биде главна ѕвезда на денс арената на годинашниот фестивал „Егзит“ заедно со германскиот диџеј Рпобин Шулц, на која, меѓдругото, ќе прозвучат неговите мегахитови „Legacy“, „Symphonica“ и „Toulouse“, тандемскиот сингл „I Could be the One“ со Авичи (кој доживеа масовен успех во Европа, особено во Велика Британија, искачувајќи се на првото место на британската топ-листа многу брзо по неговото излегување), како и новата нумера со наслов „Let Me Feel“.

Како продуцент, Ромеро работел на албумите на Ријана, „Unapologetic“, Бритни Спирс,„Britney Jean“  и Сиа.

Деталите во врска со локацијата на која ќе биде одржан концертот на Ромеро, како и за продажбата и за цената на влезниците, дополнително ќе бидат објавени во втората половина на јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top