-Многу е неблагодарно да се зборува што не очекува во следните 12 месеци, посебно во услови кога е направена таква тензија каде што исходот е многу неизвесен. Во реалност, кога е можно да престанат да важат и земските и небеските закони… Од таа причина, јас сум во дилема дали и во која мера треба да зборувам за настаните кои предвидувам дека ќе се случуваат овде кај нас и на глобално ниво, а притоа да не бидам ултрапесимист затоа што сметам дека концептот внесување страв за полесно владеење не е добро. Уште помалку не би сакал да ширам ниту лажен оптимизам, бидејќи воопшто не ни цветаат рози – ова беше првиот одговор што го добивме од Борис Чавковски, популарен македонски јасновидец на прашањето кои се неговите прогнози за Новата 2016 година.
Според неговите предвидувања, влегуваме во уште една многу тешка, неизвесна година, потурбулентна од претходната.
– Оваа година беше само увертира за тензичноста која не очекува наредната. Лошата енергија, напнатоста не престанува и се уште лебди во воздухот. А сето тоа ќе биде најизразено во првата половина на годината, до завршувањето на изборите. Изборите не само што нема да се одложат, туку ќе се одржат во рокот што е планиран со Пржинскиот договор. Ќе поминат без поголеми турбуленции и најинтересно е тоа што на политичката карта нема да се случи ништо значајно. Всушност, ќе има мали поместувања за пратеник, два, три, но се ќе остане исто – вели Чавковски и додава дека не би сакал да звучи како политичар ако каже дека токму во овој период Македонија ќе биде на најголемиот демократски испит.Вели, војна нема да има, ќе нема крвопролевање, но останува да лебди во воздух чудната неизвесност, што ќе се случува утре.
Со пооптимистички прогнози, Чавковски ја гледа втората половина на 2016. Предвидува дека после политичката еуфорија која ќе заврши со изборите, обичните граѓани конечно ќе се ослободат од тензичноста и ќе се обидат да продолжат нормално да функционираат. Прогнозира подобрување на економската клима.
-Имам впечаток дека во тој правец ќе се напредува. Ќе има инвестиции и подобрување на стандардот иако не може да се очекуваат којзнае какви промени бидејќи тоа е долг процес. Продолжуваат да се реализираат и градбите од проектот “Скопје 2014#, а метрополата ќе продолжи да биде посакувана дестинација за живот, па дури и за странците. Се повеќе луѓе од странство ќе го најдат својот дом тука. Или со инвестиција или со купување на свој имот. Скопје ќе добие една своја друга приказна која ќе трае во целиот циклус понатаму – предвидува познатиот јасновидец, кој од пред неколку години како косопственик на познатиот скопски хостел “Калонис” важи и за успешен туристички работник. Вели дека и денарот ќе остане стабилна валута.
Чавковски не е голем оптимист дека ќе се случи нешто што ќе го забрза решавањето на спорот за името што со децении го имаме со јужниот сосед, но предвидува мало придвижување на разговорите.
-Стојам на ставот кој сум го кажал и многупати претходно, дека ќе се најде компромис со име со географска одредница. Но, очигледно дека во целиот овој политички циркус од преговори кога ќе се стигне до финалето, се случува нешто друго и тоа се одлага. Убеден сум дека нема да се случи да го изгубиме идентитетот и чувството на припадност како Македонци. Во секој случај, очекувам дека ќе се најде Соломонско решение на прашањето кое со години го кочи нашиот напредок. Јас сум секогаш оптимист дека ќе успееме да го решиме, но потребно е да се створат услови. Следната година очекувам поместување на преговорите, можеби еден чекор напред – вели оптимистички соговорникот за Вечер.
Во врска со евроатланската интеграција тој ги повторува неговите предвидувања од претходно, дека влегувањето во НАТО ни е сигурно, но е прашање на време. Затоа пак, вели дека во 2016 година ќе се зголеми евроскептицизмот, односно се помалку граѓани ќе бидат заинтересирани за поддршка на таа опција.
– Во еден момент може да дувне друг ветар што ќе натера повеќе луѓе да се свртат против влегувањето во ЕУ. Шарената лага и играчка Европска унија полека ќе се демистифицира и ќе се случат некои промени кои ќе ни ги отворат очите за да видиме што вистински значи влезот во ЕУ за нас, но реално и вистински – предвидува Чавковски.
Чавковски порачува секогаш да се бара позитивната страна на животот, луѓео да бидат оптимисти и да внимаваат каков програм ќе си направат во сопствената глава, оти тоа ќе влијае на нивната иднина.
– Не се доволни само новогодишните честитки кога сите посакуваме среќа, успех, задоволства… треба да го живееме тоа да се избориме за тоа. Ако сме оптимисти, ако сме позитивни, ако сме отворени и имаме љубов во себе, тогаш го гледаме светот од поубавата страна и секогаш ќе си го направиме да ни биде поубав. Едно добро утро, убаво кажано, зрачи со убава енергија. Да пуштиме љубов, убава мисла, да си го направиме животот убав за нас самите. Судбина не постои. Судбината ја предодредува карактерот. Ние самите си ја креираме својата иднина- порачува јасновидецот Чавковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст