Организатор и нарачател на убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов е
офицер на чеченскиот баталјон „Север“. Истрагата за убиството кое се случи во февруари го призна како неполитичко.
Истражниот комитет на Русија (ИКР) го објави името на организаторот и нарачател на убиството на лидерот на опозицијата и поранешен прв вицепремиер на РФ Борис Немцов. Според истрагата, зад убиството на 27 февруари во Москва стои припадникот на чеченскиот баталјон „Север“ (безбедносна структура, дел од Внатрешната војска на МВР РФ) Руслан Мухудинов. Во ноември оваа година по него беше распишана меѓународна потерница. Во моментов според истрагата, Мухудинов се крие во Обединетите Арапски Емирати.
Конечни обвиненија ќе бидат поднесени уште против низа фигуранти на кои им се заканува доживотна казна затвор. Покрај Мухудинов, под истрага се шест лица по потекло од Чеченија и Ингушетија. Извршител на убиството се претпоставува дека е Заур Дадаев (поранешен заменик-командир на баталјонот „Север“), Хамзат Бахаев, информатор и јатак кој требало да ги скрие по извршувањето на делот. Тамерлан Ескерханов бил задолжен за следење на политичарот. Вмешани се и браќата Анзор и Шадид Губашеви, меѓутоа нивната улога не е разјаснета. „Сите тие се сомничат за извршување на убиството, како и за незаконско прибавување, носење, превоз и чување на огнено оружје“, пишува во соопштението на ИКР. За нивното учество во делото сведочат преку 70 сложени судски вештачења, сведоштва, идентификувања, протоколи од камери за видеонадзор, вклучително и од оние што се наоѓале на местото на убиството, потенцира ИКР.На тој начин, истрагата смета дека убиството на политичарот Немцов не било поврзано со неговата политичка или општествена работа. Претходно ќерката на убиениот – Жана Немцова – бараше истрагата да го преквалификува членот „Убиство“ во „Посегнување по живот на државен или општествен работник“, но нејзиното барање беше одбиено.извор „Руска реч“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.