Одите во бар со пријателки и спроти вас има машко друштво. Вниманието ви го привлекува едно момче и вие се прашувате како може да дознаете нешто повеќе за него, пред евентуално да се запознаете. Често според пијалок можете да дознаете нешто за човекот кој стои спроти вас. Може да ви звучи малку чудно, но има логика. Нашиот омилен пијалок, може многу да каже за нашиот карактер. Сигурно истото важи и за омиленото јадење, десерт, дури и омилената облека. Но еве што вели шанкерката Ајви Микс, која благодарение на долгогодишно искуство во еден од најголемите барови во Њујорк, во кој исто така е и косопственик, знае какви мажи, какви пијалоци нарачуваат и зошто.
1. Пиво
Кога еден маж влегува во бар и брза да си порача „Budweiser“, обично станува збор за традиционалист, кој не сака нови работи. Тој само сака да добие нешто веќе познато, што му се допаѓа. Овој човек доаѓа во барот да се опушти и да се чувствува удобно. Ако сте авантуристи и сакате промени, можеби овој тип не е за вас.
2. Чисто виски или бурбон
Генерално чистите пијачки се за авантуристи. Ако мажот си порачува чисто виски и тоа од одредена марка, тоа значи дека тој е големо момче и дефинитивно знае што прави. Најверојатно кај него е уредно и чисто, не за да се остави впечаток на жената, која ќе ја одведе таму, туку затоа што тоа е неговиот начин на живот.
3. Водка
Можеби сеуште не може да се раздели со студентските години и во станот има маса за пинг-понг, поради која неговите пријатели постојано доаѓаат на гости.
4. Текила
Зборуваме за чиста текила. Истото е како со вискито, овој маж знае што прави. Си порачува убава чиста текила и ја испива полека, уживајќи во неа.
5. Водка со сода или брусница
Обично се претпоставува дека тоа е женски пијалок, но тоа е глупава предрасуда. Можеби овој човек е склон кон нови откритија и чувствува потребата да ги промени предрасудите на останатите, па затоа не го отпишувајте, кога ќе видите дека држи вотка со брусница.
6. Маргарита
Објектот на вниманието ви е немирно настроен. Можеби целта не му е да се напие до безсознание, туку едноставно убаво да си помине и да се забавува. Веројатно тој е од оној тип мажи, кои секогаш се подготвени за забава и добро расположение.
7. Мартини
Обично овие мажи превземаат големи и сериозни чекори во нивниот живот. Тој знае што сака и го сака веднаш. Обврските ги прифаќа сериозно и на ист начин се однесува и со жените.
8. Шотови
Мора да бидете претпазливи со мажи, кои нарачуваат шотови, уште со влегувањето во барот. Најчесто тие излегуваат за да се напијат брзо и не им е грижа за ништо друго. Размислете дали сакате врска со таков човек.
9. Вино
Овој тип има многу заедничко со стереотипот за водка со сода или боровинки. Многу често мажите се водат по надворешниот изгледот на пијалок. Штом течноста е розева, значи е за жени. Штом е во убава чаша, значи не е мажествено. Виното е софистициран пијалок и обично го консумираат мажи со стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.