Утрово во 7 и 15 часот на автопатот Петровец – Скопје, веднаш по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје, дошло до сообраќајна незгода.
Комби на Македонската царина се превртело на патот. Во моментот на несреќата комбито превезувало и било полно со цариници.
Според првичните информации од МВР во несреќата се повредени тројца цариници, кои се префрлени во болниците во Скопје. Еден е префрлен во ГОБ а двајца во клиничкиот центар. Нема информации за какви повреди станува збор.
При превртувањето комбито го блокираше патот при што дојде до застој во сообраќајот. На местото на несреќата е излезена увидна екипа на МВР.
Нема информации што ја предизвикало несреќата. Се знае само дека друго возило не учествувало во незгодата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.