| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Мадона не сака да живее со мајка си

Роко, синот на Мадона, одбил да го мине Божик и новогодишните празници со мајка му зашто, како што вели, доволно бил со неа на турнеја. Божик го минал со татко му, маќеата и нивните три деца.

spl619137-007

Роко Ричи (15) објаснил дека минал два месеца работејќи зад сцената на турнејата на кралицата на попот и дека затоа се чувствува вознемирено. Меѓутоа, фановите тврдат дека вистинската причина е таа што Мадона во неколку наврати јавно го омаловажила својот син преку социјалните мрежи. Како што претпоставуваат обожавателите, можно е таа, со поставување разни фотографии да го посрамила Роко, и тоа е капката која ја прелила чашата.

Mоментално се води спор меѓу Мадона (57) и таткото на Роко, режисерот Гај Ричи (47), околу старателството врз него, така што неговиот пасош се наоѓа во Лондон, кај адвокатот кој го застапува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top