| четврток, 6 декември 2018 |

Колку навистина е старо вашето срце?

Дали вашето срце има иста возраст како и вие? Според резултатите на едно испитување во САД еден од двајца мажи или две од пет жени имаат срце кое, во биолошка смисла, е најмалку пет години постаро од нив. Виновници за ова се факторите на ризик кои го стареат вашето срце и ги зголемуваат шансите за срцев удар.

Во Америка срцевото заболување е причина број еден што доведува до смрт. Добра вест е дека можете да преземете акција за да му помогнете на вашето срце да биде исто старо колку и вие.

Фактори кои прават вашето срце да е постаро од вас се: висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес, дебелина.

Еве и  неколку совети кои ќе го направат вашето срце помладо:  јадете здрава храна со повеќе овошје и зеленчук, бидете активни – најмалку три часа умерена физичка активност неделно, откажете се од пушење…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top