Владетелите на Саудиска Арабија одлучија да ја зголемат цената на горивата за цели 50 отсто. Досега литар бензин во С. Арабија се продаваше по 0,15 евроценти , а сега новата цена ќе биде 0,23 евроценти по литар. Со овој потег власта сака да ги најави новите економски реформи во екот на ниските приходи од продажбата на нафта, оценува британската новинска агенција „Ројтерс“.
Долго време се говореше дека огромните субвенции за гориво и прекумерната државна потрошувачка се нешто што државата не може да си го дозволи.
Но, синоќешните редови пред бензинските станици се доказ дека граѓаните се свесни за фактот дека цената на горивата во Саудиска Арабија и понатаму се многу пониски, отколку во која било друга земја на светот.
Власта на С. Арабија истакна дека буџетскиот дефицит во 2015 година изнесува историски 98 милијарди долари, што се должи на големиот пад на приходите од продажбата на нафта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


