| четврток, 6 декември 2018 |

Најнов начин на кражба:внимавајте ви земаат пари од кратички без да забележите

Во трговски центри и на железничките станици во последно време се појави нов вид на кражба на пари од кредитните картички.

bankomat-650x396

Крадците запознаени со новата технологија без многу мака може да ви ги украдат вашите податоци од платежните и од кредитини картички, без воопшто да ги допрат.

Сè што е потребно е крадецот да има РФИД читач, кој открива радиофрекфенција, да биде оддалечен од вас 15 сантиметри. Тоа му овозможува „симнување“ на податоци од вашата картичка додека е таа во вашите раце и мислите дека е безбедна.

АБЦ7 И-Тим открил дека овој начин на дигитална измам најлесно се применува на таканаречени „вејв анд пеј“ картички.

-Потребните  апарати  за спроведување на оваа измам не се скапи и можат лесно да се најдат на интернетот- нагласил Дејвид Брајан, експерт за безбедност на компанијата „Траствејв“ – јавува Дејли мејл.

kartica

Ако читачот се наоѓа во границите на дострелот за време на плаќањето на „вејв анд пеј“, тој автоматски ќе фати сигнал што го емитува картичката за само неколку секунди. Информациите што ќе ги „собере“ читачот може да се користат со помош на уреди  што чинат 300 – 400 долари, а кои ги копираат и прават идентични реплики на  кредитните картички.

Компанијата „Нортон“ истакнува дека оваа година дури 70 отсто од кредитните картички ќе бидат подложни  на дигитална кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top