Зголемен е бројот на патувањата на бугарските државјани во Македонија и на Македонците во Бугарија, покажуваат податоците на бугарските статистички служби.
Годинава е евидентиран раст од 41,8 проценти на посетите на Бугарите во Македонија. Бројот на Македонците, пак, кои ја посетиле Бугарија во 2015 бил поголем за 16,3 отсто.
Најголем број од бугарските туристи доаѓале во Македонија на гости и заради посета на културни знаменитости и спортски настани. Граѓаните на Македонија најчесто паувале во Бугарија на одмор и екскурзии. По Македонија, бугарските граѓани најмногу патувале во Обединетото кралство каде има раст од 36,6 проценти, Италија 16,7 проценти, Шпанија 16,4 проценти, Грција 16,2 проценти, Германија 15,6 проценти, Австрија 11,8 проценти, Романија за 7,9 проценти, Турција 6,8 проценти… Намалување има на патувањата кон Франција за 28,7 проценти и кон Руската Федерација за 27,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.