| четврток, 6 декември 2018 |

Црна Гора го кандидира Игор Лукшиќ за генерален секретар на ОН

igor-luksicВладата на Црна Гора одлучи да го кандидира Игор Лукшиќ за генерален секретар на Обединетите нации, изјави по владината седница премиерот Мило Ѓукановиќ.

Лукшиќ финкцијата потпретседател на Владата и министер за надворешни работи и европски интеграции ќе ја извршува до март, а Владата се уште не расправала за тоа кој ќе го замени.

Луикшиќ од 2010 до 2012 година беше премиер, а претходно министер за финансии. Во декември 2012 година избран е за потпретседател на Владата и министер за надворешни работи и европски интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top