| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан возач слетал во Драгор во Битолско

policija

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа, која вчера утрината се случила на локалниот пат Битола – село Долно Оризари кај мостот на реката Драгор.

Дваесет и четиригодишниот И.Ц. управувајќи „фолксваген пасат“ загубил контрола над автомобилот, излегол надвор од коловозот на десната страна од патот и слетал во коритото на реката.

-Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот Ц.А.(54) од Битола, на кој му е укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола, каде што е задржан на лекување – информираат од полицијата.

Од извршеното алкотестирање кај И.Ц. било констатирано присуство на алкохол од 1,48 промили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top