| четврток, 6 декември 2018 |

Нето-платата во октомври 22.213 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2015 година во Македонија изнесувала 22.213 денари, што е зголемување за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

plata

Зголемувањето на нето-платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2 отсто), Административни и помошни услужни дејности (9,3 отсто) и Други услужни дејности (8,3 отсто).

Зголемување на просечната месечна нето-плата во однос на септември годинава е забележано и во секторите: Градежништво (3,6 отсто), Рударство и вадење на камен (3,6 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,1 отсто).

Бруто-платата во октомври годинава била 32.597 денари што е или 2,4 отсто повеќе од октомври 2014.

Во октомври 2015 година, 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top