| четврток, 6 декември 2018 |

„Аферим“ на Раду Џуд во кината низ Македонија

Филмот „Аферим“ на Раду Џуд почна да се емитува во кината низ Македонија.

Дејството во филмот се одвива во Романија, Бугарија, Чешка и во Франција, а филмот досега е веќе трикратно наградуван.
P

На почетокот на 19 век во Влашка, еден локален полицаец, Костандин, е најмен од страна на болјаринот (локална благородничка титула) Јордаче, за да го најде Карфин, робот Ром, кој побегнал од имотот на болјаринот откако имал љубовна врска со неговата сопруга, Султана. Костадин тргнува во потрага по бегалецот, почнувајќи патешествие полно авантури. Ромското ропство траело од 14 век, па сѐ до средината на 19 век, факт што е речиси непознат и не постои во јавноста денес, иако и понатаму влијае врз општествениот живот во Романија.

Улогите во филмот ги толкуваат Теодор Корбан, Михаи Команиу, Тома Кузин, а филмот досега е наградуван на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, Меѓународниот независен филмски фестивал во Лисабон, како и на Меѓународниот филмски фестивал во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top