Малопродажните цени на нафтените деривати согласно со Методологијата за формирање на цените, од ноќеска на полноќ, се намалуваат во просек за 5,59 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 денар за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од пред две недели. Со тоа цената на еуросупер БС-95 изнесува 61,50 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 малопродажната цена изнесува 63,50 денари од литро.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 3,00 денaри за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.12 .2015 година и со тоа цената на еуродизел (Д – В) ќе изнесува 43,50 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 0 денари за литар и со тоа цената ќе изнесува 32,00 денари за литар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



