– Ова е книга за своето, за моето, за твоето и за нашето. Ова е потсетник за убавината на животот, запис за љубовта и за природата. Во книгата ќе најдете рецепти од нашите баби, прераскажани во модерни и убави фотографии и дизајни. Ќе забележите состојки од дворот на нашата викендичка, од планината на половина час возење од дома – вака ја отвори промоцијата на својот готвач „Модерна македонска кујна“, познатиот шеф Влатко Огненовски.
Промоцијата се одржа вчера во „Форца кафе“ и ресторан во автентичен национален амбиент во присуство на бројни уживатели на македонската кујна, соработници и пријатели на познатиот гастроном шеф Огненовски.
Во готвачот ,,Модерна македонска кујна“ Огненовски обединува 100 модерни оброци кои се инспирирани од традиционалната македонска кујна и напуштени рецепти од различни подрачја од Македонија. Рецептите се напишани на едноставен начин, а се создадени од свежи сезонски состојки со македонско потекло.
Целта на ова дело според Огненовски, е да се обнови автентичната македонска кујна, чија уникатност е силен аспект во националното брендирање на Македонија. Природните состојки кои растат во нашиот двор, како и напуштените начини на приготвување на храната кои се типично македонски, Огненовски ги враќа во живот, формирајќи нови модерни ритуали на исхрана кои го адресираат современиот човек и неговата потреба од квалитетен и здрав живот.
– Кога создавам храна за вас, влегувам во вашите животи за миг. Но, со создавањето на оваа книга ќе влезам во вашата кујна, во вашиот дом и во вашиот живот засекогаш – истакна во своето обраќање Огненовски.
На промоцијата, покрај продажбата на книгата ,,Модерна македонска кујна“ беше најавено активирањето на Институт за кулинарски уметности кој ќе биде единствен во регионот. Продажбата на книгата како и активирањето на Институтот се најавени за јануари 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст