| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: на социјалните мрежи кружи предупредување за другарки кои пред празнично ограбуваат

Дали  и колку е проверена оваа информација засега нема податоци, но според објавите на анонимни мажи кои биле нивна цел оваа група на атрактивни девојки го користат својот изглед за да „профитира“ пред празниците.

123

Имено, како што се наведува во една од објавите на социјалните мрежи група од  три девојки дотерани по последна мода, со раскошни облини и скапи мобилни телефони „делуваат“ низ  кафулињата и ноќните  клубови ширум регинот.Овие девојки се добро организирани и делуваат според однапред планирана шема.

Како што појаснува една од нивните жртви  тие доаѓаат сами без машко друштво,  провокативно облечени, лудо се забавуваат,  предизвикувачки флертуваат и секогаш се во вип делот од кафулињата. Првата пијачка ја прифаќаат по што и тие ве честата,а вечерта завршува со одлична забава во нивно друштво.

Screenshot

Атрактивните другарки цело време инсистираат забавата да продолжи и по затворањето на клубовите, по што не ретко „мачо момчињата“  организираат по секоја цена продолжување на забавата и токму тогаш почнува нивната работа. Додека една го забавува момчето другите  две оперираат по домот бидејќи ваквите „афтер“ забави обично завршуваат во домашна атмосфера.

Досега ниту едно од овие измамени момчиња освен на социјалните мрежи никаде не  пријавило дека било жртва на измама, но според  тоа колку бргу се прошири ова предупредување сосема е возможно бројката на нивните жртви да не е мала.

4515558_orig

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top