| четврток, 6 декември 2018 |

Војдан повторно најдобар во својот тим за нова победа во АЦБ лигата

vojdan stojanovski

Најдобриот македонски кошаркар за 2015 година, репрезентативецот Војдан Стојановски продолжува со одличните партии во шпанската АЦБ лига. Во денешниот натпревар од 13.коло на домашен терен неговата екипа Ривер Андора славеше над Гран Канарија со 84-77 по едно продолжение.
Војдан со 15 го преводеше својот тим до драматичната победа. По регуларните 40 минути резултатот беше израмнет 74-74, но во продолжението домаќините покажаа дека повеќе ја посакуваат победата.

Во истиот термин, Валенсија го собори клупскиот рекорд по бројот на остварени победи на почетокот од сезоната. Навивачите на овој тим долго ќе ја паметат 2015 година, бидејќи нивните миленици врзаа 13 победи без пораз во АЦБ лигата, а заедно со европските натпревари вкупно 23! Овој пат падна Тенерифе во тесниот натпревар со 86-82.

Големото дерби меѓу гигантите Реал Мадрид и Барселона се игра од 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top