| четврток, 6 декември 2018 |

Кое време е идеално за водење љубов, а кое за правење деца

љубов

Додека генерално мажите преферираат утрински секс, а жените вечерен, според експертите идеално време за водење љубов е некаде на средина, односно околу 15 часот. Според ендокринологот Алиса Вити, тоа време е совршен компромис за двата пола, а тоа го потврдува со хормонални докази.

После пладне, во женското тело се зголемува количината на кортизол, кој стимулира чувство на будност и енергичност. Од друга страна во тоа време кај мажите се зголемува количината на естроген во крвта, што ги прави емоционално присутни за време на сексот.

Исто така Вити тврди дека најдобро време за секс е 10 дена после овулација на жената.

За несреќа повеќето парови тоа време се на работа, поради што е потребно максимално да се искористат слободните денови за малку љубов.

Од друга страна, ако планирате дете идеално за тоа е водењето љубов наутро, покажало едно истражување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top