| четврток, 6 декември 2018 |

Шест загинати, 160.000 евакуирани поради поплавите во Латинска Америка

поплава

Најмалку шест луѓе загинаа, а над 160.000 се евакуирани од своите домови во Парагвај, Аргентина, Бразил и Уругвај поради поплавите, соопштија денеска властите. Ова се најтешки поплави кои ја погодија Латинска Америка во изминатите неколку децении. Најтешко е погоден парагвај, каде четири лица го загубија животот. Претседателот Хорасио Картес прогласи вонредна состојба во земјата, а издвоени се 3,5 милиони долари за помош на загрозените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top