Бугарската гранична полиција ги турка и враќа назад мигрантите, понекогаш ги тепа, ограбува, а и ги ’пушта’ кучињата кон нив- ова се наводите во последните изданија светските изданија на мултинационалните медиумски куќи. Пренесувајќи слика од границата меѓу Турција и Бугарија, медиумите, меѓу кои и Њујорк Тајмс ја бараат причината зошто мигрантите од Сирија и регионите зафатени со војни, наместо преку овој премин, се одлучуваат на опасен и смртоносен пат преку море до грчките брегови.
„Бугарската гранична полиција и сега не гледа“, се пренесува изјава на жител на погранично село од турската страна на границата „Кога бегалците се обидуваат да преминат, тие ги запираат, ги турка назад, понекогаш ги тепа, ги ограбуваат, дури ги пуштаат кучињата кон нив“.
Понекогаш ќе пристигнат во групи од дури 50-тина, некои од нив со модринки на главите и столчени носеви, сведочат жителите. „Тие ме удрија и ми ги зедоа парите“ е сведоштвото на Алан Мурад, 17-годишен барател на азил во центарот за бегалци во Софија, чии документи се разгледуваат „Избегав од дома, по ѓаволите, се обидував да најдам рај во Европа. Наместо тоа, најдов друг пекол“.
Една од загатките на упорната мигрантска криза во Европа е прашањето зошто бегалци се одлучуваат на опасни и понекогаш фатални минувања преку морето од Турција до Грција, наместо одење пеш низ навидум достапни копнената граница од Турција во јужна Бугарија, известува Њујорк Тајмс.
Официјалните лица но и самите мигранти укажуваат на неколку причини. Патот преку море е поевтин и пофаворизирана од шверцерите. Границата, толку достапна на мапата, е поголема пречка, особено во зима, заради брзи реки, густата шума и стрмните ридови.
И новите жичени огради и софистицирана опрема за набљудување минувањето на границата го направија многу потешко.
Но водечките причина, според многу бегалци интервјуирани во Турција и низ целиот Балкан, е немилосрдноста на бугарските гранични сили.
Интервјуата со хуманитарните работници и десетици бегалци кои минуваат на својот пат низ многу држави откриваат широко распространет страв од бугарските власти. Зборуваа за грубо па и насилничко однесување од страна на граничната полиција, кои ги регистрирале и земале отпечатоци на мигрантите – што значи дека ќе мора да останат во Бугарија додека се испитуваат нивните документи- или ќе ги вратат назад во Турција.
Бугарската влада, која како и многу други од Централна и Источна Европа каде изразеното добредојде кон бегалците е помало од поголемиот дел од Западна Европа, ги отфрла наводите за системски напори за заплашување на бегалци.
„Мислам дека овие обвинувања се во голема мера претерани“, оценува Филип Гунев, заменик-министер за внатрешни работи на Бугарија. „Нашата политика отсекогаш била да се испитаат таквите случаи, ако постои проблем. Од 30.000 лица кои минале преку границата, имавме само два приговори кои што резултираше со обвиненија. Ние не можеме да спроведеме истрага, ако тие не ни сигнализираат“.
Но за 80-те жители на Суркупаса, еден од низата турски села со поглед на бугарската граница, глетката на вратени мигранти им стана секојдневна, особену тука каде се уште не е поставена бодликава жица на граничната ограда која Бугарија ја гради .
„Мигрантите обично минуваат ноќе, водени од шверцерите“, вели Осман Аран, 81, од Сукрупаса. „И тогаш ги гледаме како се враќаат уште во утринските часови.“
Врз основа на приказните што ги слушнал од мигрантите и од селаните, Красимир Канев, претседател на Бугарскиот хелсиншки комитет, верува дека злоупотребувањата на мигрантите е доста распространета, но тоа е невозможно да се каже со сигурност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.