| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ ги отвора вратите за дуелот со Мега Лекс

Раководството на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром донесе одлука влезот за натпреварот против Мега Лекс да биде слободен.

– За натпреварот од 17.то коло на АБА лигата помеѓу МЗТ Скопје и Мега Лекс кој се игра во понеделник (28.12.2015) од 18 часот, влезот ќе биде бесплатен за горните трибини од СЦ „Јане Сандански“, соопшти клубот на Фејсбук профилот.

За оние кои ќе сакаат мечот да го проследат од ВИП секциите, цената на билетите останува 200 денари.

МЗТ Скопје се наоѓа во серија од три победи и евентуален триумф в понеделник против Мега би значело доаѓање на само две победи до четвртата позиција на која се наоѓа следниот ривал на аеродромци.

17-то коло од АБА лигата почнува денеска со два натпревара: Металац – Сутјеска и Цедевита – Крка.

Утре играат: Тајфун – Црвена звезда, Партизан – Игокеа.

Во понеделник покрај средбата во Скопје, играат уште и: Задар – Будуќност и Олимпија – Цибона.

Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 13-3, Црвена звезда 12-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-8, МЗТ Скопје 7-9, Тајфун 7-9, Задар 7-9,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top