Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао поминува низ тешки моменти во неговата кариера. Тој во моментов е на позајмица во Челзи, каде што не може да се врати во форма, слично како и минатата година кога настапуваше за Манчестер Јунајтед.
Фалкао одигра само 350 минути и постигна само еден гол за Челзи.
Долго време се шпекулира дека неговиот клуб Монако е во потрага по нов купувач, кој ќе биде заинтересиран за колумбиската ѕвезда.
Англиските медиуми пренесуваат дека тоа ќе биде шампионот на Северна и Централна Америка, тимот на Америка од Мексико.
Дали Фалкао навистина ќе одлучи да ја напушти Европа и да си оди за објективно послаба лига, останува да се види.
Колумбиецот најдобрите денови од неговата кариера ги помина во Порто и Атлетико Мадрид, од каде се пресели во Монако, по што кариерата му тргна во надолна линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст