Во анкета со која биле опфатени преку 65 илјади навивачи на Реал Мадрид, околу 53 проценти се изјасниле дека за тренер го сакаат Зинедин Зидан, а само 30 проценти својот глас го дале за Жозе Мурињо.
Остатокот на гласовите ги добил координаторот на школата на Реал, Виктор Фернандез.
По оваа анкета, шпанските медиуми заклучуваат дека Мурињо не им останал во убави спомени на навивачите на „кралскиот клуб“, иако со Реал ја освои последната титула во Примера.
Покрај шампионскиот трофеј, Реал со Мурињо стигна и до шпанскиот куп и Суперкупот.
Моментно на тренерското место во Реал е Рафаел Бенитез за кого се шпекулира дека деновите во Мадрид му се избројани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст