Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос планира да и предложи на Владата да донесе одлука за вклучување и на жени-регрури во Армијата на Грција, објави атинскиот весник „Етнос“.
Според планот на Каменос, воениот рок за жените нема да биде задолжителен. За девојките кои ќе сакаат доброволно да служат воен рок, ќе бидат обезбедени посебни објекти во касарните.
„Етнос“ наведува дека планот на Каменос бил поддржан и од Генералштабот на грчките Вооружени сили.
Покрај во војската, Камнеос планира да предложи вклучување на жени и во полицијата, противпожарните единици и крајбрежната стража.
– Време е да ги надминеме табуата од минатото. Жените денес ги поседуваат сите неопходни квалификации и во повеќе случаи се подобри од мажите, изјави Каменос.
Планот предвидува девојките со отслужен рок да имаат предност при вработувањето во државниот сектор, а 12-те месици минати во редовите на армијата ќе им се сметаат во вкупниот работен стаж.
Според „Етнос“, во услови на зголемена невработеност во Грција, се очекува голем имтерес меѓу девојките за служење воен рок.
Сепак, засега останува неизвесно дали Владата, предводена од Коалицијата на радикланата левица (Сириза), ќе го прифати планот на Каменос, имајќи предвид дека левичарските партии во Грција традиционално се против идејата за вклучување на жените во армијата.
За предлогот на Каменос засега не се изјаснија ниту феминистичките организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст