Најмалку две лица се удавиле, додека 12 се повредени денеска кога повеќе од 200 мигранти се обиделе да допливаат до Сеута, шпанска енклава во северниот дел на Африка.
Локалната власт соопшти дека мигрантите тргнале во текот на ноќта и 104 лица биле запрени од мароканските власти.
Шпанската државна телевизија емитувала снимки на кои се гледа како спасувачки екипи им помагаат на мигрантите, нагласувајќи дека засега се претпоставува дека околу 180 мигранти допливале до шпанскиот брег, а некои од нив се прекачиле преку граничната ограда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти