Захран Алуш, лидер на сириската бунтовничка група Џаиш ал Ислам (Армија на исламот) бил убиен во воздушен удар во предградие на Дамаск.
Штабот на фракцијата бил бомбардиран од руски авиони. Џаиш ал Ислам е најголемата бунтовничка група во реонот.
За неговата смрт потврдиле два извора од групата, а и сириските државни медиуми објавија за смртта на лидерот на бунтовниците и на неколку други членови на групата.
Сириската опсерваторија за човекови права, исто така, објавија дека Алуш бил убиен заедно со уште неколку команданти, додека тие биле на состанокот во близина на Дамаск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!