| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва на „Танц-фест“ изведба од нашиот Игор Киров

Македонскиот кореограф Игор Kиров, кој повеќе години работи во странство, вечерва во 20 часот, во рамките на фестивалот за современ танц „Танц-фест“, ќе се претстави со своето најново кореографско дело „Импакт“, кое го работеше со студентите од четврта година на Скопската танцова академија.

танц фест

Станува збор за 20-минутно дело на музика од нашата група „Чалгија саунд систем“. Оваа претстава ќе патува на запад.

Домашна музика од Горан Бојчевски, македонски кларинетист и композитор, кој живее во Словенија, користеше и во неговиот претпоследен проект „Хе, хе, хелиум“, кој го постави во словенечкиот град Велење. Премиерата беше на почетокот на минатиот месец и доби многу позитивни критики во тамошните медиуми.

Kиров вели дека тоа е прва танцова продукција која ја обработува темата „Југославија“ и за него била огромен предизвик. Но, иако во неа се вклучени македонски кореограф и композитор, станува збор за словенечка продукција. Првите две изведби од претставата биле распродадени во Словенија и за два дена ја виделе 1.800 луѓе. Таа сега патува во други градови во Словенија. Потоа оди во Kореја, Панама, Љубљана, Марибор, Сараево, Загреб, а би требало да гостува кај нас летово во рамките на некој од летните фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top